Федерален суд во САД ја укина одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за суспендирање на обработката на постојаните доселенички визи за 75 земји во светот, меѓу кои беа и Косово, Албанија и Македонија, објави „Ле Монд“. Судијката на Федералниот суд за Јужниот округ на Њујорк, Жанет Варгас, ја оцени одлуката како „спротивна на законот“ и наведе дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања. Одлуката, која стапи во сила во јануари, предвидуваше суспендирање на обработката на имигрантските визи за државјани на 75 земји, меѓу кои Авганистан, Бразил, Египет, Иран, Ирак, Нигерија, Сомалија, Тајланд и Јемен.