САД воведоа нови санкции против Куба, таргетирајќи девет субјекти и три поединци за антиамерикански активности, вклучувајќи го и раководството на Кубанскиот институт за пријателство со народите, како дел од поширока кампања на американската администрација Девет субјекти и три поединци се додадени на црната листа поради наводни злонамерни активности насочени против САД . Мерките се насочени кон раководството на Кубанскиот институт за пријателство со народите (ICAP), а санкционирани се и девет кубански државни субјекти, вклучувајќи го и Министерството за градежништво. Американскиот министер за надворешни работи, Марко Рубио, изјави дека санкциите против ICAP се поврзани со охрабрувањето на широко мрежа луѓе што ги здружува за да дејствуваат против САД. Мрежата, додаде тој, главно работи лажно претставувајќи се како образовни или културни здруженија, а нејзината цел е да пронајде нови поддржувачи и да ги поттикне на екстремни дејствија.