Најмалку 12 лица загинаа во напад со беспилотни летала на украинските вооружени сили врз Нижнекамск во Русија, соопшти денеска прес-службата на претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов. „Според моменталните информации, 12 лица загинаа, а 39 се повредени како резултат на напад на непријателски беспилотни летала врз Нижнекамск“, се наведува во соопштението, пренесено од руските медиуми. Според извештаите, 28 повредени, меѓу кои и едно дете, се префрлени во болници и добиваат медицинска помош.