Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. „Мојата администрација од овој момент ги признава препораките на златниот стандард за вакцинација на децата, кои опфаќаат само 11 основни вакцини против најсериозните и најопасните болести, плус ММР, која, се надеваме, ќе биде поделена“, изјави Трамп за време на церемонијата на потпишување во Белата куќа.