Најмалку пет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, во пукање што денеска се случи на Државниот универзитет во американската сојузна држава Вирџинија. Во соопштението на полицијата и универзитетските власти се наведува дека инцидентот, во кој учествувале повеќе лица, се случил ноќеска во 1:28 часот по локално Најмалку пет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, во пукање што денеска се случи на Државниот универзитет во американската сојузна држава Вирџинија. Во соопштението на полицијата и универзитетските власти се наведува дека инцидентот, во кој учествувале повеќе лица, се случил ноќеска во 1:28 часот по локално време во близина на студентскиот станбен комплекс „Квад анекси“ (Quad Annexes). Сите повредени веднаш се пренесени во локалните болници.