„Русија предупреди за „последици“ по Велика Британија по извештаите за употреба на британски дронови за напади врз цели длабоко на руска територија.
Портпаролот на британското Министерство за одбрана изјави: „Велика Британија стои рамо до рамо со Украина и ние сме посветени да ѝ ја обезбедиме на Украина опремата што ѝ е потребна за да се одбрани од нелегалната инвазија на Путин“.
„„Русија не треба да се сомнева во решеноста на оваа влада да се спротивстави на руската агресија, како во Украина, така и против Велика Британија и нашите сојузници“.
Киев годинава ги засили нападите врз Русија, при што ракети со долг дострел и роеви дронови сè почесто гаѓаат воената индустрија и енергетски објекти на руска територија.
„Руската амбасада во Велика Британија оцени дека извештаите потврдуваат оти Лондон намерно се определил за ескалација на кризата во Украина и го обвини Обединетото Кралство дека се обидува да ја ограничи Русија и да и нанесе максимална штета.