Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека „Иран доживува целосен колапс“, само неколку часа пред објавувањето на деталите за новите американски економски санкции против Техеран.
„Тој оваа изјава ја даде на социјалната мрежа „Трут соушл“ откако американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно за денеска најави „економски Д-ден“ против Иран.
Во склоп на новиот притисок врз Техеран, администрацијата на Трамп ги прошири категориите на активности кои би можеле да бидат санкционирани, опфаќајќи сектори како дигиталниот имот, технологијата и поморскиот транспорт на кои Иран се потпира за одржување на економијата.
„И покрај раното ветување на Бесент за „економски Ден Д“ за Иран, САД засега им даваат рокови на земјите самите да го обустават работењето со Техеран.