Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Специјалниот претставник на претседателот на Русија за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитријев, реагираше на изјавата на шефицата на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас, дека, според разузнавачките информации, Русија подготвува нови акти на саботажа против демократијата во ЕУ. „Каја Калас, која сè уште мора да „чита книги за да стане попаметна“, е една од многуте военоподбуцнувачки … Специјалниот претставник на претседателот на Русија за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитријев, реагираше на изјавата на шефицата на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас, дека, според разузнавачките информации, Русија подготвува нови акти на саботажа против демократијата во ЕУ. „Каја Калас, која сè уште мора да „чита книги за да стане попаметна“, е една од многуте военоподбуцнувачки „саботажи“ на ЕУ против Европа“, напиша Дмитријев на социјалната мрежа Икс.
Постојат докази дека Русија подготвува понатамошна саботажа против демократијата во ЕУ со цел да го подели општеството, да го одврати од поддршката на Украина, па затоа нашето разузнавање мора да биде подготвено да реагира пред да се извршат овие акции, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, пред почетокот на денешниот состанок на европските министри за одбрана во Брисел.
„Таа најави дека на денешниот состанок ќе се разговара за правилата за интеракција меѓу европските земји во случаи на хибридни напади.