Братот на принцезата Дијана, Ерл Спенсер, го обвини кралот Чарлс дека се обидува да го убеди дека не се сеќава на еден разговор, што го воделе пред погребот на принцезата. Во својата нова книга, Спенсер наведува дека тогашниот принц од Велс, пред погребот на Дијана, преку телефон му рекол: „Биди сигурен, наскоро ќе ја заборавиме“. Како одговор на овие тврдења, Бакингемската палата изјави дека болката од загубата на близок член на семејството може да го замати расудувањето, да влијае врз перцепцијата и да ги измени сеќавањата на начини што другите можеби нема да ги препознаат – дури и години подоцна – пренесува британскиот весник „Телеграф“.