Фармата за крокодили соопшти дека десет крокодили, чие природно живеалиште е реката Нил во Африка Фармата за крокодили соопшти дека десет крокодили , чие природно живеалиште е реката Нил во Африка, се извеле од јајца без човечка интервенција во регионот Дром, и дека нивното природно доаѓање на свет било можно за прв пат, благодарение на топлината акумулирана во почвата за време на жешкото лето, објавува „Ле Фигаро“. „За прв пат имавме инкубација што се одвиваше 100 проценти во природни услови“, рече Самуел Мартин, ветеринар на фармата. Тој рече дека фактот што нилските крокодили во Франција почнаа да се ведат од јајца во природни услови е загрижувачки и дека тоа е пред сè „знак на климатските промени“.