Познатиот македонски топ-модел Елена Трајановска, во модниот свет препознатлива како Елена Реи, уште еднаш докажа зошто е едно од најбараните имиња на светските писти. Овој пат, споделувајќи серија неверојатно провокативни и атрактивни фотографии од нејзината најнова летна кампања чија изработка ја видоавме неодамна. На објавените кадри, кои веднаш го привлекоа вниманието на социјалните мрежи, убавицата позира на карпест брег покрај кристално чистото море, облечена во елегантен и екстремно секси едноделен црн костим за капење без прерамки кој совршено ја нагласува нејзината беспрекорна, извајана фигура.