Неколку дена пред да пристигне во кината, мистериозниот „The End of Oak Street“ конечно беше прикажан пред првите гледачи, а судејќи според реакциите на филмските работници, критичарите и новинарите, Дејвид Роберт Мичел би можел да има нов хит Филмот, чиј продуцент е Џеј-Џеј Абрамс, ги обединува Ен Хатавеј и Јуан Мекгрегор во улогите на Дениз и Грег Плат, родители чиј навидум обичен живот преку ноќ се претвора во борба за преживување. По мистериозен космички настан, нивната улица буквално е откорната од предградието и преместена на сосема непознато место, а семејството набрзо открива дека таму не се сами. Покрај Хатавеј и Мекгрегор, во филмот глумат и Мејзи Стела и Кристијан Конвери, додека сценариото и режијата ги потпишува Мичел, авторот на пофалениот хорор „It Follows“.