Битола живее во духот на културата и туристичката промоција на градот со… Битола живее во духот на културата и туристичката промоција на градот со полни сместувачки капацитети, со над 20.000 посетители на концертот на Здравко Чолиќ и над 9.000 посетители на фестивалските настани на „БитФест“, информираа од Културно информативен центар (КИЦ) Битола, установа чиј основач е Општина Битола. Според директорот на КИЦ Битола Димитар Михајловски, по празничните денови, Битола продолжува да живее со богатата програма на Битолското културно лето „БитФест, кое до крајот на јули реализираше 46 настани со повеќе од 9.000 посетители, а културните настани во Битола, продолжуваат како туристичка атракција и во следните денови. Годинашното издание на фестивалот за првпат е во целосна организација на КИЦ Битола, чиј основач е Општина Битола, а програмската концепција на културното лето целосно кореспондира со визуелниот идентитет на фестивалот – фреската на македонскиот академски сликар Борко Лазески, насловен според песната „Битола, бабам Битола“.