Вториот по големина град во Узбекистан, Самарканд, идниот месец ќе биде домаќин на 46 шаховска Олимпијада на која македонскиот репрезентативен шах ќе биде претставен во машка и женска конкуренција. Како што денеска објави Светската шаховска федерација (ФИДЕ), натпреварувачкиот дел ќе стартува на 16. септември, со воведното од вкупно 11 кола кои ќе се играат во Меѓународниот изложбен центар „Патот на свилата“. Македонската шаховска репрезентација во машка конкуренција е рангирана на 58. место и на Олимпијадата во Самарканд ќе настапи во состав Филип Панчевски (ИМ, 2430, рејтинг), Емил Ристески (ИМ, 2407), Антон Златков (ФМ, 2389), Никола Николовски (ИМ, 2385) и Тони Лазов (ИМ, 2383). Македонските шахисти на последната Олимпијада која се одржа во 2024 година во Будимпешта го освоија 61 место, а Тони Лазов постигна историски успех во поединечна конкуренција, освојувајќи го сребрениот медал поединечно на втората табла.