Алексис Санчез се афирмираше како голем талент во Европа пред 18 години кога воодушеви со настапите во Удинезе, а оттогаш промени многу клубови и настапуваше за великани како Барселона, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Интер и Марсеј Последнава сезона, Алексис водеше грчевите борба за опстанок и и помогна на Севилја да опстане во елитата, па иако доби понуда од шпанскиот клуб за нова соработка, Чилеанецот реши да си ја бара среќата на друго место. На 37-годишна возраст, Санчез процени дека е време за нешто сосема ново, а тоа ќе биде прво интересно искуство во американската МЛС лига, која од година во година е се побогата со големи ѕвезди. Како што пренесуваат угледните трансфер инсајдери, Алексис го избрал проектот на Монтреал како идеален за приближување до самиот крај на кариерата, а во прилог му одело и тоа што добил двегодишен договор.