Новата сезона во англиската Премиер лига не е започната, а медиумите одбележуваат дека веќе е јасно дека со неа ќе биде испишана историја Дури девет клубови ќе ја почнат сезоната со нов менаџер, нешто што досега не се случило во историјата на Премиер лигата и е подобрување на рекордот поставен пред десет години. Чаби Алонсо го презема Челси, Енцо Мареска го замени Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а нови менаџери имаат и Ливерпул, Нотингем, Кристал Палас, Борнмут, Фулам и Ипсвич, додека Њукасл допрва ќе го потврди наследникот на Еди Хау. Во сезоната 2016/17 осум клубови имаа нов предводник, а интересно тогаш во Сити пристигна Гвардиола, додека и Челси имаше нов менаџер во Антонио Конте, кој ги одведе „сините“ до титула во својата деби сезона во англиското првенство.