Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид ја засили бековската линија со 24-годишниот Максим Шулга. Украинскиот бек потпиша двегодишен договор со шпанскиот гигант и по една сезона во Бостон се враќа во Европа. Максим Шулга, кој е висок 193 сантиметри, поголемиот дел од минатата сезона го помина во Мејн Селтикс, каде што во просек бележеше 15,7 поени, 6,7 асистенции и 4,4 скока по натпревар.