Реваншот во Струмица меѓу Брера и Санта Колома од Андора е закажан на 14 октомври.
„Фудбалерите на Брера Струмица со победа стартуваа во квалификациите во младинската Лига на шампиони, совладувајќи го на гостински терен првакот на Андора, Санта Колома, со 3-0 (0-0). Македонскиот шампион доминираше од самиот почеток на натпреварот, а отпорот на противникот го скрши во вториот дел.
Триумфот кој ќе се памети пристигна во второто полувреме, а автор на него беше Глигор Бучков.
„Осумнаесетгодишното десно крило реализира во 57. минута по асистенција на Иван Танчев, а потврда на големиот триумф на македонскиот младински првак пристигна во 80. минута со гол на истиот играч по асистенција на Велков.
Следи нѐ
Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.