Интер Милано влезе фуриозно во сезоната во која ја брани титулата во италијанското првенство, откако ја декласираа Монца со 4:1 во првото коло од Серија А. „Нероазурите“ ја пречекаа Монца на својот домашен терен на стадионот „Џузепе Меаца“ и веднаш покажаа кој е шеф во Италија, откако убедливо го победија својот прв ривал на патот Интер Милано влезе фуриозно во сезоната во која ја брани титулата во италијанското првенство, откако ја декласираа Монца со 4:1 во првото коло од Серија А. „Нероазурите“ ја пречекаа Монца на својот домашен терен на стадионот „Џузепе Меаца“ и веднаш покажаа кој е шеф во Италија, откако убедливо го победија својот прв ривал на патот кон нова титула. Потребни беа помалку од шест минути за првиот гол во мрежата на гостите, бидејќи во 6-тата минута Хакан Чалханоглу постигна гол на асистенција од Енди Диуф и му донесе водство на Интер од 1:0. Потоа, Монца успеа да возврати преку Густаво Варела во 29-тата минута, а со резултат 1:1 се влезе на паузата помеѓу двете полувремиња. Сепак, Интер влезе побрзо на паузата и го реши прашањето за победникот со три брзи гола.