Реал Мадрид започна со победа новата сезона во Ла Лига, откако го совлада 1-2 Еспањол на многу тешко гостување, каде што победничкиот… Реал Мадрид започна со победа новата сезона во Ла Лига, откако го совлада 1-2 Еспањол на многу тешко гостување, каде што победничкиот гол дојде во последната минута од регуларното време. Мадридјаните го започнаа средбата многу добро, постигнувајќи го водечкиот гол уште во 10-тата минута, кога по одлично нафрлување на Арда Гулер, Џуд Белингам со глава ја прати топката во мрежата. ГЛЕДАЈГО ГОЛОТ Во 30-тата минута, Еспањол кој одредено време ја доминираше играта и бараше израмнувачки гол, го постигна преку една долга акција, успешно завршена од Алекс Калатрава, по асистенција на Хавиер Ернандез.