Валенсија ќе ја започне новата сезона со доста сомнежи и нецелосно одговорени прашања на неколку позиции, а на неколку дена пред стартот на кампањата, тренерот Карлос Корберан конечно добива еден десен бек Тренерот на Валенсија цела пресезона работи без десни бекови и на пријателските натпревари се потпираше на опции од школата, па иако клубот веќе две недели водеше преговори со Џирона за ангажман на Арнау Мартинез, на крајот нов десен бек е Пабло Мафео. Фудбалерот кој се претвори во најголем непријател на Винисиус Жуниор на теренот, на почетокот на летото замина за Грција откако Мајорка испадна од Ла Лига, но неполни два месеци по трансферот во Олимпијакос, тој се враќа во Ла Лига. Лошата адаптација во новата средина го принуди веднаш да бара опции за враќање, а Валенсија како клуб на кој очајно му е потребен десен бек, сега успеа брзо да го договори.