Арсенал ја надигра Џирона со 4:1 и запиша убедлива победа на пријателскиот тест кој се играше вчера, а по средбата против шпанскиот ривал, Микел Артета имаше соочување со новинарите кои со нетрпение чекаа негово излагање во јавноста „Топчиите“ се поврзуваат со многу звучни имиња во последно време како актуелни шампиони во Англија, но ситуацијата посебно стана „жешка“ откако Реал Мадрид му испорача ултиматум на Винисиус. Ваквото делување од Реал Мадрид јасно стави до знаење дека постои сериозен интерес од Арсенал, а сега директно прашање на оваа тема доби и Артета. Шпанскиот стручњак беше дипломатски настроен и даде политички одговор, но јасно стави до знаење дека клубот ќе дејствува максимално амбициозно до крајот на летниот преоден рок, во кој планот е да биде доведен и Бруно Гимараеш од Њукасл.