Фабрис Табма направи клучна разлика на вчерашното македонско дерби во Првата лига и му пресуид на Вардар со двата гола во мрежата на Талески, блесок кој пристигна во најдобро време за Шкендија во пресрет на големиот предизвик кој следи Дербито со Вардар се играше измеѓу двомечот со Хибернијан во третото квалификациско коло во Конференциската лига, па јасно е дека вчерашното издание на „Тодор Проески“ треба да влијае позитивно врз четата на Положани, особено ако се земе во предвид доминацијата во вториот дел. Шкендија постигна два гола, а можеше да постигне најмалку уште толку, но херојот Тамба остана доволно понизен по крајот на дербито и нагласи дека тој и соиграчите мора да останат приземјени и да не летаат во облаци. Одигравме тежок натпревар поради временските услови, беше многу жешко за игра, но подобро се справивме во второто полувреме.