Како најсилната фудбалска лига во светот, англиската Премиер лига е вистински економски мотор на Обединетото Кралство, а шпанскиот „Mundo Deportivo“ објави неколку многу интересни податоци за ова натпреварување Премиер лигата продолжува да расте. Според моментално проценетото економско и општествено влијание, ова фудбалско натпреварување во следните две години ќе ѝ донесе на економијата на Велика Британија неверојатни 33 милијарди фунти, односно 38,5 милијарди евра. Покрај овој придонес, ќе генерира и даночни приходи до 14,8 милијарди фунти (17,28 милијарди евра), а особено интересен податок е дека секоја сезона носи неверојатни 107.000 работни места.