Арсенал во саботата го потврди Бруно Гимараеш како најново летно засилување за натпреварувачката сезона која следи, па иако беше премногу рано да дебитира еден ден подоцна, Бразилецот вчера беше на „Емирејтс“ и ги поздрави новите фанови Досегашниот играч на Њукасл пристигна како огромно засилување за сума од 75 милиони фунти и самиот се претстави пред фановите како голем борец на теренот, а оваа карактеристика беше коментирата и од Микел Артета кој во ростерот добива голем плус во средниот ред. Бруно се опишува себеси како воин, а јас сметам дека тој е воин и борец со извонреден квалитет. Тој има неверојатна интуиција да намириса опасност, станува збор за голем лидер и играч кој има харизма.