Во конфликт се „Максидел менаџмент“ (Maxidel Management), во сопственост на Макс Град Во конфликт се „Максидел менаџмент“ (Maxidel Management), во сопственост на Макс Градел, и „Рок Нејшн“ (Roc Nation), мултинационалната компанија на раперот Џеј-Зи. „Максидел“, агенцијата што посредуваше во трансферот на Диоманде од Леганес во Лајпциг минатата година, поднесе жалба до ФИФА. Тие тврдат дека Реал Мадрид преговарал со „Рок Нејшн“ – агенцијата што моментално го застапува играчот – и дека притоа бил прекршен нивниот претходен договор, пишува „АС“ (AS). Поради овој судир на агенциите дури и познатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо минатата недела објави дека Диоманде договорил трансфер во Реал Мадрид за сума „поголема од 100 милиони“, а подоцна ESPN извести дека станува збор за трансфер вреден 122 милиони евра, плус дополнителни десет милиони во бонуси. Поради лошата објава на Романо се огласи и германскиот Лајпциг.