Ханси Флик од денеска ќе го има цел тим на располагање со враќањето на последните ѕвезди кои имаа најголема минутажа на мундијалот, па со враќањето на Дани Олмо, Педри, Кубарси и Ламин Јамал се става крај на летниот одмор во редовите на каталонскиот гигант Пред денешното појавување на четирите ѕвезди, вреди да се напомене дека Гави, Ерик и Жоан Гарсија се вратија неколку дена порано бидејќи немаа некоја позначајна минутажа на Светското првенство, но исто така, денешната слика во тренинг комплексот на каталонците дава и своевидна потврда за тоа што е неизбежно. Феран Торес е единствениот светски шампион кој не се врати во Барселона и кој воопшто нема да се враќа во Каталонија, а причина за тоа е најавениот трансфер во ПСЖ. Напаѓачот кој донесе втора светска титула за Шпанија ги има договорено сите детали со ПСЖ и трансферот е пред сама реализација за сума од 50 милиони евра, а неговото непојавување на денешниот тренинг е само потврда за тоа.