Иако заврши пред речиси една недела, борбата меѓу Ентони Џошуа и Кристијан Пренга сè уште предизвикува реакции во светот на боксот. Потсетуваме албанскиот тешкаш уште во првата рунда двапати го испрати поранешниот светски шампион во нокдаун, но веќе во следната рунда капитулираше и беше нокаутиран Развојот на настаните во рингот во Џеда, Саудиска Арабија, изминативе денови го коментираа бројни боксерски експерти и поранешни шампиони, а меѓу последните свое мислење даде и Дјук Мекензи, пензионираниот британски боксер (39-7), кој во текот на професионалната кариера освои светски титули во три различни тежински категории – мува (IBF), бантам (WBO) и супербантам (WBO). Коментарот на Мекензи беше насочен пред сè кон „Еј-Џеј“ (Ентони Џошуа), кому му испрати повеќе од јасна порака. „Лично би сакал Еј-Џеј да престане да боксува, бидејќи покажа јасни знаци дека повеќе не може да поднесува удари.