Националниот проект „Везилка“, кој се развива како голем јазичен модел на македонски… Националниот проект „Везилка“, кој се развива како голем јазичен модел на македонски јазик, е наменет за примена во државните институции, јавната администрација и приватниот сектор, а неговата идна примена може да биде компатибилна со новите решенија за Е-влада што ги развива Генералниот секретаријат на Владата – истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Во гостување на една од националните телевизии, Андоновски појасни дека „Везилка“ во моментов е во развој и дека е предвидена да се користи во повеќе области, меѓу кои јавната администрација, културата, земјоделството и енергетиката. „Везилка“ е национален проект за голем јазичен модел на македонски јазик којшто се гради во моментот и којшто потоа ќе има своја апликативна имплементација во било која од државните институции, приватниот сектор, јавната администрација, културата, земјоделството и енергетиката, рече Андоновски.