Во пресрет на 8 Септември, денот на независноста на македонската држава, Зоран Крстевски, еден од директните учесници во настаните со организирањето на референдум со кој Македонија се оддели од тогашната Југословенска федерација, вели дека стана јасно дека осамостојувањето е неминовно. Зборувајќи во емисијата „Стадион“ на Канал 77, Крстевски сподели сведоштва од седницата на Собранието на која беше поднесена резолуција за отцепување од Југославија кога за првпат се спомнала потребата според меѓународното право да се оди на референдум. Крстевски се потсетува дека се направила собраниска пауза на која се одржала координација кај претседателот Киро Глигоров во неговиот кабинет во присуство на Стојан Андов, Бранко Црвенковски, Киро Поповски, Емил Ханџиски и Никола Поповски.