Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
„Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествува на Третиот министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан (GAWB), што се одржува на 18 и 19 септември во Жабљак, Црна Гора, во рамки на претседавањето на Црна Гора со Берлинскиот процес за 2026 година.
„Успехот нема да се мери според бројот на усвоени документи.Ќе се мери според конкретните промени кои носат бенефит за граѓаните од целиот регион.” - истакна Хоџа.
„Во однос на клучните приоритети на Македонија во наредниот период, министерот се осврна на забрзувањето на инвестициите во обновливи извори и енергетска ефикасност, зајакнување на климатското управување и подготовката за европската климатска рамка, праведна транзиција за регионите зависни од јаглен, забрзување на реформите во управувањето со отпадот и циркуларната економија, како и зајакнување на климатската адаптација, заштитата на природата и биолошката разновидност.