Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, денеска оствари средба со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. На средбата, амбасадорот Вал му го честитал изборот на Велковски за министер и разговарале за приоритетите во повеќе области, меѓу кои социјалната заштита, младите, еднаквите можности, недискриминацијата и инклузијата на Ромите. Амбасадорот ја потврдил заложбата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за продолжување на блиската соработка со Министерството, со цел унапредување на инклузивни и ефективни политики и услуги засновани на човекови права.