Најважните вести од денот — секој ден и во твојот фид.
Домаќин е Шведското собрание на Финска (Folktinget). Конгресот ќе биде посветен на актуелните прашања за заштитата на националните малцинства, јазичните права и идниот развој на ФУЕН.
„Домаќин е Шведското собрание на Финска (Folktinget) Македонското друштво „Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија.
Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја претставува организацијата на Конгресот… Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја претставува организацијата на Конгресот на Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), што се одржува од денеска до 20 септември во Хелсинки, Финска, каде ги застапува интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.
„Чест и привилегија ми е, како претседател на Македонското здружение „Илинден“-Тирана, да ја претставувам организацијата на Конгресот на Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), одржан во Хелсинки, Финска, од 17 до 20 септември 2026 Веќе единаесет години како рамноправна членка на Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), активно учествуваме во работата на оваа европска организација и ги застапуваме интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија, пишува во својата објава на Фејсбук Ѓурѓај.