Македонските новинари ги видоа резултатите од проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и ресурсните центри во Северна Македонија“, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) за Западен Балкан и преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Студиската тура и медиумската работилница, во организација на KfW заедно со Министерството за Македонските новинари ги видоа резултатите од проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и ресурсните центри во Северна Македонија“, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) за Западен Балкан и преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Студиската тура и медиумската работилница, во организација на KfW заедно со Министерството за образование и наука, како партнер во спроведувањето на проектот, и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, ги собраа клучните чинители и партнери на проектот, како и национални и локални новинари и уредници од македонските медиуми. Проектот опфаќа темелна обнова на девет државни студентски домови, шест ресурсни центри за ученици со попреченост и еден ученички дом за средношколци во Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Велес. Повеќето од овие згради се изградени во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, а студентскиот дом во Битола потекнува уште од 18 век, тие станаа застарени и со децении чекаат темелна обнова.