„Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски за „несовесно работење во службата“.
Тој е осомничен дека потпишувал договори со инвеститори за регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште без да изврши увид дека тие договори се однесуваат на барања поднесени за локација за која деталниот урбанистички план бил укинат и за кои самиот дал насоки да не се издаваат одобренија за градење.
„Освен Јакимовски, со пријават опфатени се и раководителката на секторот за урбанизам и вработена во иститот сектор кои на инвеститорите им ги издале одобрениета за градење..