Денеска, во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања, се одржа презентација на Strategic Priorities… Денеска, во Центарот за обуки на Министерството за европски прашања, се одржа презентација на Strategic Priorities Expertise Facility (PREF), механизам предложен од Обединетите нации за обезбедување брза и целна експертска поддршка на институциите одговорни за спроведување на реформите. На отворањето на настанот, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, изрази благодарност до Обединетите нации за континуираното партнерство и ја нагласи важноста на овој механизам во период кога институциите паралелно работат на спроведување и планирање на реформите кои треба да дадат конкретни и мерливи резултати. „Спроведувањето на обврските од Реформската агенда ќе го определи не само темпото на нашиот напредок во рамки на Инструментот за реформи и раст, туку и квалитетот и кредибилитетот на поширокиот процес на европска интеграција.