Според Сали, освен редовните обврски, реформската агенда ќе биде надградена со дополнителен Според Сали, освен редовните обврски, реформската агенда ќе биде надградена со дополнителен пакет од неколку десетици нови чекори, со што воедно, би се зголемила и финансиската поддршка за земјава преку европскиот План за раст. Имаме повеќе чекори, тоа се 30тина кои што мора да ги исполниме и работиме со институциите имајќи во предвид дека нормалниот тек на реализација на реформската агенда треба да биде до крај на 2027 година со грејс период до декември 2028 година, а дополнително сега работиме на пакет кој што би опфатил околу 50тина чекори, се уште не е дефиниран бројот затоа што роковите се уште се отворени. Значи ние треба да понудиме дополнителни чекори кои што ние би можеле како институции да ги исполниме за да можеме тој пакет од 750 милиони евра да го зголемиме како можност за искористување на вкупниот буџет од 6 милијарди евра, предвиден за Западен Балкан.- Беким Сали, прв вицепремиер и министер за европски прашања Сали комуникацијата со Европската унија ја оцени за одлична, што не може да се каже и за онаа со Бугарија.