Македонскиот јазик има свое цврсто место во светската културна ризница, а неговото зачувување, изучување и меѓународна афирмација остануваат важна институционална обврска, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на свеченото отворање на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Јаневска истакна дека образованието и науката се темелите Македонскиот јазик има свое цврсто место во светската културна ризница, а неговото зачувување, изучување и меѓународна афирмација остануваат важна институционална обврска, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска на свеченото отворање на 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Јаневска истакна дека образованието и науката се темелите преку кои се обезбедува иднината на јазикот и културата, посочувајќи дека институционалната грижа за македонскиот јазик се зајакнува преку образовниот систем и поддршката на научно-истражувачката работа.