Ребалансот на Буџетот предвидува значително зголемување на средствата за капитални инвестиции, локален развој, инфраструктура и проекти за заштита на животната средина, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција. Според него, вториот клучен столб на ребалансот е развојот на општините преку реализација на конкретни проекти кои директно ќе влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните. „ Кога зборуваме за буџетски бројки, зад нив мора да видиме конкретни проекти: пат, мост, водовод, канализација, пречистителна станица, железничка линија, почиста животна средина “, изјави Стојаноски.