„Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, на која беа разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на системот за правда за децата.
Во соопштението се додава дека соговорниците се согласиле дека на секое дете му е потребен правосуден систем што ги препознава неговите потреби, ги штити неговите права и му овозможува реален и еднаков пристап до правда.
„„Министерството за правда останува посветено на унапредувањето на системот за правда за децата и на создавањето институционални услови во кои правата на секое дете ќе бидат целосно почитувани и заштитени“, додаваат оттаму.