Студентите во државната квота се запишуваат со плаќање надомест за студиите, во износ од 200 евра, а вонредните плаќаат школарина од 400 евра Вториот рок за пријавување за упис на УКИМ ќе биде на 10 и 11 септември и третиот на 23 септември На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот Студентите во државната квота се запишуваат со плаќање надомест за студиите, во износ од 200 евра, а вонредните плаќаат школарина од 400 евра Вториот рок за пријавување за упис на УКИМ ќе биде на 10 и 11 септември и третиот на 23 септември На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година.
„На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври.
Оваа година на сите универзитети имаме намалено околу 2000 места, но јас сум длабоко убедена дека сите студенти ќе си го најдат своето место таму каде што сакаат.
„Во однос на струките, на пример, повеќе намаливме во струките бизнис-администрација, јавна администрација, нешто на Економски, на Правен, бидеќи таму се појавува одреден поголем број на невработени, во медицинските струки.