До 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар, информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во општина Студеничани - над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во Македонски Брод - место викано Видуш, кај село Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки), во општина Битола - село Лопатица (ниска вегетација), во општина Новаци - селата Маково, Мојно и Брник (ниска вегетација и деградирана шума), општина Крушево - на потегот од село Алданци до село Норово (нискостеблеста деградирана дабова шума) и во општина Велес - село Слп, каде што со огнот е зафатена шума. Под контрола се три пожари - депонијата во општина Делчево, во општина Могила - селата Лознани и Вашарејца (ниска вегетација) и во општина Јегуновце - село Копанце (зафатена е шума). ЦУК известува за 31 изгаснат пожар: Општина Сарај: Сарај (ниска вегетација и дрвја) Општина Сарај: с. Семениште (борова и ниска вегетација) Општина Сарај: с. Раовиќ (ниска вегетација и мешана шума) Општина Прилеп: с. Сенокос (железнички прагови) Општина Прилеп: кај старата фабрика „Партизанка“ (ниска вегетација) Општина Прилеп: регионален пат с. Беровци – с. Веселчани (ниска вегетација) Општина Прилеп: месност „Варош“ (ниска вегетација) Општина Прилеп: ул. „Благоја Шукуроски“, спроти црквата „Св. Димитриј“ (ниска вегетација) Општина Прилеп: над бараки Варош (ниска вегетација) Општина Кривогаштани: с. Мирче Ацев, односно с. Петрово (пчеларник) Општина Крушево и Долнени: с. Селце и с. Житоше (ниска вегетација) Општина Ново Село: помеѓу с. Борисово и с. Колешино (две диви депонии) Општина Василево: с. Василево (депонија) Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација) Општина Охрид: Петрино, ул. „15-ти Корпус“ (стрниште) Општина Струга: с. Долно Татеши (ниска вегетација и нискостеблеста шума) Општина Струга: с. Корошишта (стрниште, ниска вегетација и насади со лешници) Општина Кичево: с. Манастирско Доленци (нискостеблеста деградирана шума) Општина Кичево: с. Гарани (стрниште и куќа) Општина Чашка: Богомила, кај железничката станица (ниска вегетација, дрвени железнички прагови и бандери) Општина Велес: помеѓу с. Сливник и с. Бузалково (ниска вегетација, грмушки и бандери) Општина Кавадарци: с. Чемерско (сува трева и грмушки) Општина Кавадарци: ул. „Сремски Фронт“ бр. 18 Општина Куманово: с. Косматец (ниска вегетација) Општина Липково: с. Слупчане (плевна и дел од куќа) Општина Јегуновце: с. Сирочино (депонија) Општина Јегуновце: над с. Копанце (ниска вегетација и ситни грмушки) Општина Тетово: с. Џепчиште (ниска вегетација) Општина Врапчиште: с. Градец (ниска вегетација и ѓубре) Општина Гостивар: на излез од Гостивар (ниска вегетација) Општина Гостивар: с. Страјане (ниска вегетација) До 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се шест пожари, под контрола три и изгаснати 31 пожар, информира Центарот за управување со кризи.