Меѓу обвинетите се и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајра Меѓу обвинетите се и поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, за кого, како првообвинет и недостапен за органите на прогонот, обвинителството бара притвор. За екс-вицепремиерот Груби, пак, како второобвинет е побарано да остане во куќен притвор. Според обвинението, првообвинетиот предложил Државна лотарија самостојно да приредува електронски игри на среќа, иако тоа право во 2013 година го вложила во заедничката компанија со „Казинос Австрија“, за што добила 51 процент од уделот.