По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, вчера вечер беа доделени Наградите за младинско учество за 2026 година, со кои се оддава признание на младите, младинските организации и поединците кои со својата активност, иницијативи и посветеност придонесуваат за позитивни промени во заедницата. Настанот беше организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади во По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, вчера вечер беа доделени Наградите за младинско учество за 2026 година, со кои се оддава признание на младите, младинските организации и поединците кои со својата активност, иницијативи и посветеност придонесуваат за позитивни промени во заедницата. Настанот беше организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Обраќајќи се пред присутните, министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски истакна дека младите не треба да се гледаат само како иднина на општеството, туку како негов важен и активен дел денес.