Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот рече Мартин Андоновски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Гостивар. „Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го поддржаа во Гостивар, како и кадри кои предводат локални институции, да го решат проблемот со водата, а не да политизираат.