ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Јованче Манасков од СДСМ кој обвини дека Министерката за образование, Весна… ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Јованче Манасков од СДСМ кој обвини дека Министерката за образование, Весна Јаневска, го злоупотребува инспекторатот за политичка пресметка со директори, оценувајќи дека опозициската партија треба да се навикне на редовното функционирање на државните институции и на спроведувањето контроли согласно законските прописи. Од владејачката партија велат дека институциите што, како што тврдат, биле „девастирани“ по седумгодишното владеење на СДСМ, постепено се консолидираат и повторно функционираат. Според ВМРО-ДПМНЕ, токму тоа е причината поради која СДСМ реагира на редовните институционални постапки.