Архипастирско слово од Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј во чест на Илинден… Архипастирско слово од Високопреосвештениот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј во чест на Илинден Божествен пророче удостоен со дар пророчки, богоблажен и боговдахновен, ангел на земјата и небесен човеку Илија, изобличителе на неправедниот цар, активен сузбивачу на неправдата, дај му победа на македонскиот народ над непријателите и на душите наши милост голема! А како може да се нарече завојувањето со соседите, освен големо разбојништво, па потем и натаму да се напаѓаат, уништуваат и прекоруваат народи, кои со ништо не ти пречат, ниту политички и економски те загрозуваат? Политиката „направи го својот сосед – просјак (beggar–thy–neighbor policy)“ со средства што имаат тенденција да ги влошат политичките и економските проблеми на соседната држава (неефикасни макроекономски резултати — осиромашување, недоволен развој и политичка неизвесност — општа деституција), е политика што ѝ користи на државата што ја спроведува, а воедно им штети на соседите, во случајот на Бугарија против Македонија.