Поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи денеска во објава на Фејсбук соопшти дека Владата на вчерашната седница го назначила за специјален пратеник за Европската Унија, со седиште во Брисел.
„Фетаи во напишаното им заблагодарува на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски за укажаната доверба, посочувајќи дека доделувањето на ваквата функцијата му претставува голема чест, но уште поголема одговорност.
„Владата ниту го потврдува ниту го демантира назначувањето на поранешниот вицепремиер Арбен Фетаи за постојан претставник во Брисел кој самиот се пофали на својот Фејсбук заблагодарувајќи се на владата и на премиерот Мицкоски за укажаната доверба.
„Македонија има постојана мисија при Европската унија, предводена од амбасадор и составена од десетици дипломати кои секојдневно работат со европските институции.
„Тогаш, кој е мандатот на новиот претставник?
Познавањето на три светски јазици значела и предност во извршувањето на обврските.
„Неговите обврски ќе опфаќаат претставување на државата и заштита на нејзините интереси во меѓународната комуникација, давање предлози и препораки до надлежните институции, промоција на резултатите од реформските процеси, идентификување на политички и дипломатски предизвици, зајакнување на позицијата и видливоста на државата во Брисел, остварување редовни средби со клучни носители на одлуки, дипломатско застапување на политиката на проширување и иницирање посети на високи претставници на Европската Унија во Скопје.