Министерството за образование и наука и Град Скопје наскоро ќе ги презентираат мерките, со кои ќе се намали и спречи врсничкото насилство меѓу децата и учениците, најава денеска скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Тој на промоцијата на новите возила за комунална хигиена одговараше на прашање за сузбивање на врсничкото насилство меѓу децата, учениците, каков што и беше последниот случај во Скопје, а во кој 13 годишно момче беше прободено со нож и се бори за живот. Спремаме уште еден поголем сет на мерки заедно во соработка со министерката за образование, Јаневска, со која имаме одлична соработка, но и силна, силна поддршка во тој дел, така да во наредниот период ќе излеземе со цел сет на мерки и ќе бидете сведоци на она што ќе го започнеме како процес, а ќе влијае.