Герасимовски од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добиле само една понуда на тендерот, изјави Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Мобилната апликација која Герасимовски ја нарачал, очигледно веќе претходно договорена со добитниците на јавната набавка, центарци ќе ги чини годишно 6,6 милиони денари, додаде Банов. Оттука, логично е дека во следните 3 години, наместо нови паркови, чисти улици, реконструкција на училишта и градинки, центарци ќе платат близу 20 милиони денари, за мобилна апликација која Герасимовски ја прави, само за да ги удоволи бизнис интересите на СДС, рече во изјавата и постави прашања: Очекуваме одговори од Герасимовски и СДС, дали тие сметаат дека е оправдано набавката со проценета вредност од 6,6 милиони денари да заврши со само една понуда, без реална конкуренција?